дивен прид.

дивен (прид.)

Дивни се твоите приказни, ми рече. Сонуваш ли како што расправаш? праша. Кажи сонуваш ли?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дефинитивно, ја сфаќаше вистината. Не можеше едниот да го остави, заради другиот, кој и да беше тој еден и кој да беше тој друг. „Дивна е нашата игра,“ ѝ рече еднаш гаменот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Попусто, Ниту е доба пред цветање Ниту пак нешто гасне: Некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И дивна усама околу се ниша.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
6. Од праискони некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И во предел на дивна усама нѐ всели.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Покрај авторите и книгите што ги набројав погоре, безброј геј- мажи напишале учени, занимливи, дивни подробни студии за холивудската кинематографија, за бродвејскиот мјузикл, за великата опера, за класичната и за популарната музика, за стилот и за модата, за внатрешното уредување и за архитектурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)