дератизација ж.

дератизација (ж.)

„Тебе ти викам! Слушаш - змијарник! Вчера беа од дератизација! Немој да се оддалечуваш од бетонската патека!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Екипата за дератизација мошне успешно си ја извршила задачата: во раните утрински часови, на разденување, без врева, без љубопитните.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во тој миг заѕвони. Откај домофонот се јави Нина: „Брзо слегувај! Дојдени се! Дератизација!!!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секое лето, или секое второ лето, вршиме дератизација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)