дента прил.
ден м.

дента (прил.)

Дожд со лапавица ги фати дента и тие накиснаа до кожа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дента откако отпочина Бог Поворки стигнаа од краишта опашани со море И гласои доаѓаа од кај ѕвездите.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дента до пладне веќе беше сигурно дека фронтот најпосле скинал и турнал в невиделина. ***
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе ти биде готово, ќе го завиткаш прво во една шамија, а потоа во една ресачка за светлина да не го допре и дента спроти Водици, кај ужина време, така завиткано, знамето ќе го донесеш в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Чанга очекуваше мегдан, на бината на плоштадот, со претставниците на власта и на партијата од градот, како што беше и дента кога дојде во градот со козите и со козарите кога запреа во центарот на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дента станавме рано, со првите петли. Слеговме во дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓу посветените бискупи е и Монсењорот Франо Илија, кој дента го слави и својот роденден, а на истиот ден на 25 април 1968 година бил осуден на смрт за шпионажа, за потоа казната да му биде заменета со 25 години робија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дента кога се посомнева дека забременила, се исплаши. Не знаеше што да прави и каде да оди.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ми беше по волја, се лутев, а тој рече дека мора да оди со „газдата“ на Зајачки Рид, оти овој му ветил дека дента, на крајот од тренингот, ќе му дозволи да се повози малку со неговиот мотоцикл.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше дента многу маки напластено во неговата душа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури вечерта ме испрашуваа и потоа, ноќта, ме одведоа во приземјето на една стара затворска зграда на улицата Хане (тоа го видов дента на излегување), заедно со други истамбулски и светски провалници и пробисвети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Татко беше навален со лицето над самото биро, врз неколкуте отворени страници од последниот Медицински гласник што му го донесе дента неговиот пријател.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На истото место и исто онака со диференцијалот на којшто работеше дента кога ја здогледа Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Последното делче во него се скрши дента кога меѓу имињата на оние десетмина што загинаа во заседа го препозна и името на одамна заборавениот школски пријател.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе