денешен прид.

денешен (прид.)

31. Каравлашко всушност е само еден дел од денешна Романија. По обединувањето на Каравлашко и Молдавија (1859) се создаде државата што го доби името Романија (1861), но Мисирков го употребува традиционалното народно име што е зачувано и до денеска во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При допуштањето да се доселија готови јужнословенските народности на Балканскиот Полуостров совршено неосветлено останува прашањето за границите меѓу Бугарите и Србите, особено прашањето со какво население беа населени средновековните: Морава, Кучево и Браничево, или, со други зборови, денешното Кралство Србија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако се знам, а еве преку шеесет ги имам, само тоа се збори и до ден денешен никому ништо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Така стори и Ристе, фати рака со сите и отиде дома — в куќи, на вратата се појави Бојана, со сите денешни накити.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, денешниот ден е голем за сето село, ако не и за сето наше Мариово.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Твојот денешен испит ги отвори вратите на длабоките шуми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– Ке биде интересна денешната работа, зар не? – праша еден од агаларите и почна да ги тегне бројниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Синко мој, на денешен ден татко ти отиде во Америка и мене ме остави млада да црнеам.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се гледаше дека денешниот лов му е успешен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А двете братчиња, двајцата бестрашни ловци, Митко и Сашо беа презадоволни од денешниот лов.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Плачело, тажело, па можеби и до ден денешен тажи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се собрале на она место каде што се допирал нивниот имот, а тоа е овој, денешниов пат, па се смириле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога генералите ги зедоа двогледите и дурбините за да ги следат денешните битки, останаа зачудени: секој двоглед и дурбин беше закитен со маслиново гранче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Денешниов ден беше нешто исклучително во нивниот живот...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Над папратот, над шаторите, штурците и бумбарите веќе ги гласеа инструментите за својот денешен, пладневен концерт.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една вечер, додека седеа пред шаторот на ниски столчиња и ги бележеа резултатите од денешните ископувања, инженерот Александар праша: - Што велиш, да испратам по Елена? Доктор Коста ја крена главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ѓузепо, поручек не одеше на работа за да даде податоци за денешната работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе