дваесетгодишен прид.

дваесетгодишен (прид.)

Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сигурно за пари нѐ собраа, – почна едно дванаесетгодишно момченце, чувствувајќи се најхрабро како највозрасно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чупата беше тука некаде, на дваесетгодишна возраст, и беше лична, како икона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во овој вид приказнава живееше сѐ до есента во 1871-та; тогаш, зашто не дојде татко ѝ да си ја земе, Драганка како што кажуваа Јанческите, на двајсетгодишна возраст се омажи за Анѓела (крстен на деда си) Атанасов Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Посетителите, барајќи го уметникот постојано беа изненадувани наидувајќи на еден дваесетгодишен невротичар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На фотографијата бев јас на дванаесетгодишна возраст.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш ќе почне авантурата на една дваесетгодишна девојка. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лудница! Згора на се, заедно ќе одат на прослава на дваесетгодишнината од милитаристичкото владеење со нашата земја...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На влезот од кафулето неколку потпоручници на гардата, дваесетгодишни деца станаа и им салутираа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Високо дваесетгодишно момче, со нежно детско лице и набилдани мускули, му откина една карта од купчето кое го држеше в раце и го пушти да влезе внатре.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Над ридот полнатa месечина загледува во рововите, бункерите и земјанките во кои расцутува младоста на овие седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет и дваесетгодишни момчиња и моми... кои растат и созреваат во долгите ноќни маршеви под дожд и снег, во мракот на густите магли, во студените и влажни земјанки, меѓу карпите и камењето, во рововите и бункерите, во непрестајните борби во кои од студенилото и вжештената цевка на оружјето, ја изгубија нежноста и топлината на дланките... Ех, анасана!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледа Мита во огнот, разговара со себе, го претрчува на брзина својот дваесетгодишен живот во кој и се чини дека има премногу изгреви и заоди, магли и дождови, маршеви и борби, денови и ноќи гладни и влажни и непреболни болки за блиските и пријателите од кои веќе многу ги нема.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)