дали сврз.
дали чест.

дали (чест.)

Ти, о дали свршеницата си сакана ја слушаш? Те прашам: кај ме напушти? ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дали ќе видите некој сон оти јас сум во една пуста земја кај што петел не пее!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дали ќе видите некој сон оти јас се избавив од улавото море што ќе ме удавеше?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дали повеќе го пукаш?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но како ви се чини, дали таа борба ќе биде победоносна за нив? – Не. – Таа само ним ќе им го ископа гробот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали ние Македонците /Словените/ во таков случај ќе можеме да се поздравиме со успех? Мислам, не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прво се поставува прашањето: дали комитетите, расудувајќи логично, можат да му објават војна на новото течење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
КОСТАДИН: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму, во туѓина?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ако паднам болен, дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула да ми размени, јорган да ми фрли?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дали, Радо, сон си сони, та од сон се ти исплаши, ели, Радо, црна чума прво либе ти удрила?“
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Заборави и да го праша дали ќе дојде со него ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ама дали сум видел негде во улицата црна мачка?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој себап ти шо го правиш, којзнае друг дали би го правил!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Их, шо би опашал едно два три колана, да сакаат да ме примат!“ си мислеше тој кога го прашаа дали сака да биде комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури Митра се стрелушеше дали оваа орјатка ќе сака нешто да работи, Доста сама се понуди: — Ајде сега, сестрице Митра, да и расподелиме работите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Дали човекот... не, дали ти пиеше зошто си несреќен? Или крчмите те сторија несреќен? Или гладиолите и маслиновите стебла во паркот? Кажи човеку.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дојдов да се уверам дали навистина петловото доброутро ќе биде за тебе збогум.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали некој може ли не може да работи, никој не го праша. Грбачот е исто што и остенот на воловите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе