далековид прид.
далековидост ж.

далековид (прид.)

Далекувидната” политика на кнезот и на неговите „самостојни” и „национални” помошници требаше да предвиди сѐ и да ги предупреди несреќите. Но тие тоа не го направија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Луис Адамиќ, по повод говорот на Черчил, на ручекот на Редакцијата на весникот „Њујорк Хералд трибјун“, одржан на 7 март 1944 година, апелирал до американските новинари и до политичката јавност да ѝ се погледне еднаш на вистината в очи, бидејќи и самиот тој, како Американец, повеќе бил загрижен за Америка што нема доволно сили за да престане да „игра на картата на европската реакција“ и што Американците „не се веќе далековиди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)