гука несв.

гука (несв.)

- Среќата е гулаб, ќе падне на рамото, слатко ќе гука, па ќе му текне - ќе летне, - рече безгрижно Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На високиот врв од една голема и висока бука, стоеше горски гулаб и гукаше: - Гугу-гу-гугу! Гугу-гу-гугу! Високо на небото леташе, се вишеше и чуруликаше чучулигата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Околу нашата гуска во матната вода се собраа неколку помлади примероци од нејзиниот бел род, две, три, четири, а таа, за разлика од претходната средба на суво со сивите далечни роднини, сега почна да им гука, да им се умилува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)