групен прид.

групен (прид.)

Тука ги гледам неколкуте генерациски другари што ме очекуваат поради групниот портрет.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Нишански домет: 5000 метри. Успешно дејство до 400 метри. За групни цели до 1000 метри. Авиони до 5000 метри. Борбена брзина на гаѓање: 10 куршуми во минута.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чу групно пукање, а кучето ја подвитка опашката и почна да квичи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како групна слика се непријатни: како да чекаат кој ќе го фати крстот штом попот го фрли.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Благодарејќи на Гугенхајмовата ретроспектива делата на Бојс повремено се појавуваа на групните изложби во американските галерии и музеи, а неговиот перформанс Којот од 1974-та во њујоршката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гронинг: Јас го носам товарот на успехот и одговорноста за „Живот во пеколот”, додека за „Симпсонови”, јас го добивам сето признание и ништо од одговорноста. (се смее) Не, „Симпсонови” се резултат на групна работа и за „Симпсонови” можам да зборувам само со ентузијазам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На друга страна меѓутоа се распаѓа и групниот портрет на неговите ученици, студентите по филозофија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Свадбено патување (Американско - галичка верзија) На излезот од матичарот групна фотографија на два пријателски фудбалски тима и две-три надежни баскетџики кои скокаат за топка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
_* (Мундологијата е мултидисциплинарна наука која се занимава со најопфатеното истражување на светот, истражување на состојбата и влијанието на околината на човековото индивидуално и групно однесување. Науката на законитостите на однесување на човештвото)
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Разбрав дека во светот постојат и групни центри кои служат за лечење на лицата зависници со кои преку разни методи успешно ја сузбиваат апстиненцијалната криза.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пред покренувањето на спорот таа не преговараше со директорот, а по групното обраќање до Трудовата инспекција, од таму не беше преземено буквално ништо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Значи, додека Симона се туширала со своите пријатели, а можеби и ја продолжила својата групна романса под нејзиниот златен туш, нашиот човек го префрлил филмот на неговиот стик.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)