гризне св.

гризне (св.)

Беше една таква темничина, што се чинеше дека може и да биде гризната, а тие беа скаменети и заслушани но морничавите писоци, што настасуваа од сите страни, што ги обиколуваа со еден стеснет круг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Земајќи парче од располовеното јаболко,таа го гризна, и предадена во прегратката на момчето, за прв пат го сети вкусот на хазардот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А мене ми е жал да гризнам, не знам како се јаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
МАЛИОТ: Ја стега. Го имам! Мој е! Да гризнам малку?!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Таа ми ја гризна раката. Солзи ми се појавија во очите од болка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од преголема радост ја гризнав грутката како да беше јаболко или шеќер.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
ЖЕНАТА: Ќути бре, дете, гризни јазик.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Го зема јаболкото, се обидува да го гризне. Умира.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Гризнав еднаш. Пола јазик ѝ одгризав на една.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Бидејќи песот бил сфатен како сопственост тоа ја имплицира одговорноста на сопственикот: затоа сопственикот се казнува ако неговиот пес гризне некого, бидејќи е должност на сопственикот својот пес да го држи на ланец.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Реалности, правила и изненадувања Обидот да се дефинираш себе си е налик на обидот да си ги гризнеш забите. - Алан Ватс Медиумот е порака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога таа рака не може да се гризне, се прифаќа! - рекол некој предок и семејството се најде со новиот Бог минувајќи во нови незамисливи искушенија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш Песоглавиот ме гризна и ми откина парче од слабината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден коњ, дали од студ, дали од глад, си ги беше изгризал градите, си беше направил дупка преку која си го гризнал срцето и го иззобал како смрзната пченка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Си го зеде парчето сирење, го стави врз нејзиниот леб и гризна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сега таа топка стоеше вкочанета врз грамадното тело и ме чекаше да гризнам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се обидов да му објаснам дека не било до тоа што ме гребнала и гризнала мачката, туку до тоа како се однесувала мајка му со мене, но тој само превртуваше со очите и одвреме-навреме ќе ме прекинеше да ме праша: - Добро, и што точно ти направи? Кога точно?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Му дојде да залае, да викне - марш џукело хомосапиенска - да го гризне или барем да го преплаши.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе