градинар м.
градинарство ср.

градинар (м.)

Децата, синови и ќерки на винари, на рудари и часовничари, на готвачи и градинари, на судии и железничари, на милиционери и лекари, на купувачи и продавачи, на дописници и весникари, на возачи и џокеи- јавачи, децата што сакаат ќе сторат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Секој софијанец помалку е и градинар, па настојува својата куќа, доколку е со двор, да ја претвори во цвеќарник или, ако тоа не може, тогаш куќата ја украсува со цвеќиња во саксии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш тој, заедно со некои од тие неговите, стави рака на откупот на градинарските производи, но најмногу на лековитите растенија, печурките и боровинките со што Галичица и Баба наша изобилуваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сликарот преку вкусот на портокалите и мандарините што му ги донесуваше Хасан, го осознаваше изгледот на пазарот, ги слушаше викотниците на пиљарите и градинарите и го мирисаше мирисот на манџите од ахчилниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ми беше еден вид градинар на тишината во старата куќа крај бујната река која ги предизвикуваше татковите илузии за ново заминување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе ги оплодиш овошките со насмевка на најскромен градинар ќе стане побогато твоето утро.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Градината како да го менуваше изгледот без својот градинар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XIV Градинарот Раиз имаше кралско име, а служителски живот. Беше врсник на Бургиба, беше влезен во деветтата деценија на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше градинарот на сите годишни времиња. Градинарот и на тишината во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во еден миг, додека двајцата бавно чекорат по паркот, синот здогледува како градинарот отсекува неколку ружи, и целиот затреперува, неговото дотогаш тапо лице добива чувствителност, како она што го виде да повлече некоја нишка во него, некоја нишка која води кон сѐ она што за него некогаш било, а веќе го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако таа живееше сама имаше соптвен возач, градинар, готвачка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)