гостилничар м.

гостилничар (м.)

Чекаше. Во кафеаната, гостилничарот и пет-шест гости, сите мажи, слушаа радио- пренос од некој фудбалски натпревар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гостилничарот ни ги раздели по чиниите и почека да ги отвориме за да ги полее со червишот што беше останал во тавчето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од местото каде што некогаш биле воденичните камења, а сега шанкот во облик на обрач од бочва - не се појави воденичар во паспал туку патор од гостилничар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А гостилничарот идеше со земјено тавче в раце, што го спушти сред маса како колач на среде.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога ќе наиде такво јавно прашање за осомничен и осуден човек, а со своите очи имате видено и како Чардаклија го водат со врзани раце, ќе помислите пред сѐ дека некој злонамерно сака да ве молерисува или нешто слично, па нема ни да се обидете да го скриете она што го знаат и пилците по грмушките“, се насмеал гостилничарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Точно е, го прашав гостилничарот: Жива ли е ќерката на Симо Чардаклија?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Изјавата на гостилничарот покрај наведената поединост во целост гласеше: „При распитот, изведен на местото на настанот, гостилничарот Трифо Саздов изјави: Беше петок попладне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)