гол (м.)

Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
АНДРЕЈА: Набивме кондиција за да ги издржиме оние 90 минути на теренот. Головите ќе дојдат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СИМОН: Дриблате, само дриблате. Камо голови?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Баричките од двете страни на улицата. Отежнетата, изводенета топка и прикриеното негодување на децата кои ни помагаат да не го заборавиме бесмртниот фудбал на мали голчиња.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ја имам топката. Шут! И гол! Гол, драги гледачи! Сфаќате?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но сега го привлече група пилиштарци, која на дива полјанка кошкаше топка на еден гол.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ако го пресечеше крпењачата просторот меѓу двата камена што го обележуваа голот, настануваше вистинско ликување.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Хет-трикот е најважен во секое редење на головите и зголемување на водството.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Еднаш топката ја фрлам кон филозофските, а следниот пат кон психолошките голови на теренот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе направи баба им финта - сите да дадат еднаков број голови за да нема плачки.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога ќе постигнеше гол на некој одлично среден германски стадион, спортските странички на весниците вадеа малечка вест за Мартин, секогаш со истата слика, онаа од матурското табло.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На другиот крај од дворот се поставени две мали голчиња и вратило за тресење теписи, на кое висат дрвени лулашки, од евтините од Битпазар.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)