говорница ж.

говорница (ж.)

Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ене потаму и јавна телефонска говорница.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А оние на Осиповиот внук, безглави суштества со деградиран облик, говорници од празна, испарана утроба, скоро секој со глас на стара гусла, докажуваат дека само еден од нив може да е прав: во таинствената соба се крие тоа и тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можам од говорница да слезам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во близина здогледува телефонска говорница.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој се упати кон говорницата. Овој пат не беше следен од упорниот поглед на Јагулче Дримски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На говорницата излезе претставникот од Заводот за здравствена заштита, докторка на средна возраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега во телефонската говорница, ја фати през половина, ѝ ја поткрена блузата над папокот и веќе на голо ја имаше меѓу дланките.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неколку пати се сретнаа на главната улица навечер,а еднаш Едо и се јави по телефон од јавна говорница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го има само уште во телефонските говорници во американските филмови, каде што типчиња со слаба меморија, за еден единствен број, кинат страница од цела населба.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Бургиба си имаше обичај да ги следи седниците на парламентот, седнат на една голема бела фотелја, поместена меѓу говорницата и фотелјата на претседателот на парламентот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веднаш му се обрати на својот Месади: - Кој е бре овој ќерата на говорницата?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На говорницата се редеа лидерите на партиите. Едни читаа долги говори, други драматично говореа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)