гест (м.)

ТЕОДОС: (За тоа вреле и сам гледа насекаде по нив и каде ќе најде влакно или прашинка, чисти со подувнување или почесто со изопнување и исфрлање средниот прст закачен на палецот, што кај нега е постојана навика и автоматизиран гест.) Влакненце да не оставиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Свесен дека е во првиот план на вниманието, син ѝ одеше по неа, ги покажуваше колениците со артистичен гест и сосила ги цедеше последните солзи од маченичките очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го отчепи и го крена кон светилката како да беше шприц од кој со испробан гест ќе истисне неколку капки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одмавна со глава, потоа најде нешто страшливо во тој гест, нешто што нему не му беше својствено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Фезлиев тапо гледа во сето тоа и за првпат не прави ни гест да го побара својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Гласот и гестовите на човекот беа господаречки и сугестивни и прислужникот, гледајќи го вџашено назадечки исчезнуваше во мракот на ходникот. - Мрзливко! - човекот седна до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Спијат непробудно. Без ниеден гест, без грчење, без дишење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има овде треперливи души што од неговиот поглед, збор и гест, го губат здивот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ беше така подредено кај тоа старче, што Змејко можеше зад секој негов гест да ја насети онаа негова чкулава рачичка како влече полека, како глувче, кон себе, кон себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој Толев гест беше одговорот на последните Трајкови зборови и тој го почувствува со целата душа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така сфатен, хуманизмот на авторот на двете Пасквелии звучи како несвесен одбранбен гест што уметникот го отправува кон сите стравои со кои новото време во својата бурна надојденост одново како да го загрозува неговиот идеал.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наспроти нападното согласие на зборот и гестот, стават ѝ беше дури свечено мирна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Под пријатниот лик, благородниот гест и љубезниот збор, тие насетуваа скриена аристократска носталгија по неповратните времиња на Единствената опасност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не можам, а да не му се восхитувам на Хорацио Цвикало на господските гестови, уште повеќе кога ќе ги поврзам со тенко потстрижените мустачиња, светлите костуми со пруги и склоноста кон дебелички жени со огромни дојки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Хорацио со испробан гест лежарно ја крева десницата и нацртувајќи две-три елипси во воздухот, ми се обраќа како да сум во првиот ред во партерот: - Тоа веќе стана локална бајка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Том го беше видел тој гест милиони пати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мојата култура, пак, е духот на народот кому му припаѓам, духот кој едновремено ги проникнува и моето највозвишено мислење и најпростите гестови од мојот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повеќе