ген (м.)

Врховниот комитет во Софија се стави под претседателството на ген.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Моќта на зборот и преку сликата да се доближи до мислата и размислата, е процес што егзистира во поезијата од нејзината праисторија: во генот на зборот е да формира слика, во смислата на сликата е да се крие нејзиниот прародител – светлината и сенката на неизречениот збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој ни е влезен во генот на сите нас што овде живееме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Суровост на Господа, во чија чест девиците опиени од дрогата и звукот на тапаните рамнодушно се фрлаа во бездната, тој, синот негов, ја наследуваше во генот, па неговите поданици ја примаа како боженски дар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Влече азијатски ген по мајка си: со еден ензем е во црниот дроб и од малку алкохол се опива...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наспроти скржавиот Куман, чии јавачки гени се задржаа само во грабежлукот, приземен во ковчегот преполн златници, со три катници заклучен, со три синџири закотвен под железната постела, Ѓорѓи постојано имаше отворени прозорци, преполна трпеза и насмеана рака.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Ние секогаш сме граделе, тоа ни е во гените.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не само што можеме животот да го расчлениме на неговите составни делови, да наведам само два особено вознемирувачки примера, на гени, и да го анализираме, туку можеме тие гени со генетска технологија пак да ги составиме во нови информации и така да создадеме некое „вештачко живо битие“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во гените ни е тоа, изгледа!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога ќе помислам, отсекогаш сум се прашувал: „Кој кому му претходел, Ракот на Генот или Генот на Ракот?”, или, ако сакате наопаку: „Кој кого го наследил, Генот Ракот или Ракот Генот?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не само што за физиката се распадна на делчиња, туку и за биологијата, на пр. во гени, и во невро­физиологијата во на точки слични дразби и во лингвистиката на феномени и во етнологијата на културни теми или во психологијата на актоми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нон-стоп си го поставувам тоа прашање, зашто на крајот на краиштата, тоа ни е во гените: кога се движиме нанапред, всушност одиме рикверц, ние од сортата ни!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дали планирачките стратегии се развиваат заедно со еволуцијата на гените или се учат во текот на птичјиот живот?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од друга страна, дрогата скоро редовно била присутна во скоро сите значајни експерименти на човековиот ген во однос на глобалните еволуциски чекори.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа стратегија е вградена во нејзините гени и може да се менува преку мутација или рекомбинација на нејзиниот генетички материјал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во атомите на генот, кои ме поврзуваа со Татко, чувствував како во нова димензија на времето се надоврзувам во скадарскиот пекол на некогашното рајско патување на Татко во Цариград и како во сон трчам во место, запирам на последната етапа од враќањето од егзил во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Би требало да почне да ги надгледува сите свои кружења, сите струјни кола на светот кои се сечат во неговите гени, нерви и мисли. Какво нечуено ропство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се случи, кај ова дете да биде најсилно изразен Татковиот ген на заминувањето, на дефинитивното остварување на проектот да се стигне како и јагулите до бреговите на Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И ќе го пренесат генот на новата генерација, остварувајќи го заветот на љубовта...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе