геноцид м.
геноциден прид.

геноцид (м.)

Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Она што сега го прочитавте ги става рамните потпетици и геноцидот во исто рамниште.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам дека филмот го става геноцидот и ниските чевли во слична - периферна зона на приоритети.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Геноцидот е нивна навика. -Тие воспоставуваа вештачка немаштија, лишувајќи ги мирољубивите луѓе од природните наследства на земјените изобилства и Божјите дарови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се покажало дека овој геноцид врз ерменското население не бил никаков спонтан чин, туку бил организиран од крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Убиствата меѓу Индијците и Пакистанците во Кашмир, Геноцидот над Бошњаците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговиот современ геноцид, неговата жртва сепаленица, неговиот нов холокаустум.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па се опулив по странците, гостите од кај младоженецот, што некогаш биле „наши“, а отишле бегајќи од војната и таму, како раселени, биле подложени на претопување, геноцид, што и да е... и сега бедно изгледаа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)