гастрономија ж.

гастрономија (ж.)

Така филмското време на стилизираната геометриско- гастрономска сплетка е сведено на обредни целини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Постоеше опасност Камилски да забразди во својата бесцелна реторика, да ја заборави првичната мисла за што беше, впрочем, и посветен ручекот: да се проверат на маса најзадржаните османскотурски заемки од областа на кулинарството, односно гастрономијата, како што тој претпочиташе да рече.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ручекот требаше да биде еден вид практичен дел за да се покаже во живо употребата на османскотурските заемки во домашната гастрономија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко беше облечен во својот единствен костум за мејдан, очекувајќи го својот пријател, на последната дебата околу гастрономијата и јазиците, поточно за местото на османскотурските зборови од областа на исхраната, пијалаците, кои со векови се наоѓаа на заедничката трпеза на Балканците, обајцата убедени дека исхраната обележува една цела цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)