врашки прид.

врашки (прид.)

Змејко му налегна на јадењето, а од тоа не можеше да го одели вниманието ни сето врашко скокаркање на немирното срнче во неговите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претседателот продолжуваше: - Ти сигурно не мислиш на она врашко завивање на дивината ноќеска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се шегуваш, си рече. Уф, ама врашки се шегуваш. Пукаше од смеа, сето време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Девојче, врашко, девојче, Ај, да ни месиш кравајче, Без вода да го замесиш, Без оган да го испечеш И веднаш потоа со својот топол глас одговараше Калешата: Терзии, браќа, терзии, Јас ќе ви месам кравајче, Низ трепки ќе го отсеам, Со солзи ќе го замесам, На гради ќе го испечам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)