вошлив прид.

вошлив (прид.)

Ама кој сака да краде вошливи алишта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лазо вошливиот му се пофали дека ќе го убие и тој од страв избега.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ненадејно, од недообјаснети причини, тој Мустафа - ефендија се пропил, најпрвин кришум а потоа без срам, се запуштил и се откажал од себеси, некогаш трепетлив од хипохондрија, подоцна вошлив чаршиски шут во стуткана и извалкана облека.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Потоа ние ќе враќаме кусур, секоја по еден стап по тој твој вошлив кожув.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Последниот муштерија, една таква брадлеста политичка фаца, му побара да му го врати вошливиот кусур од четири денари од стотка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој оди до крај, храбро и без вошливи компромиси.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Камо ли да дојди што поскоро тоа време, тој час кога од себе ќе ги истресите овие вошливи блузи и панталони и ќе е облечете како што им личи на девојки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)