волнен прид.

волнен (прид.)

Врвете и вие в редови збити селани - мои земјаци, во проста руба, волнени гунаци, - врвете, врвете земјаци!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Со детска волнена шапка на глава, издолжен штрковски и призрачно зелен, кон нас чекореше Пенчо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зеде од него две лири да ѝ купи чевли и волнена шамија; го излага ќатипот за Дунава, сестра ѝ, му зеде лира за бакшиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи! — зборува Бојана и ја бели жолтата грчка волнена шамија, продолжувајќи: — На Вилка ѝ „навеза“ Ристе, да му даде господ илјада добрини ! . .. Море, море, море! Со злато не се докупува вој Ристе мој! — почна пак да го фали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бабичката ја зема торбата и вади од неа волнени чорапи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И на главата има плетена волнена капа која му го поклопува челото до самите веѓи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Никола ги прибира полите од дебелата волнена наметка, се спушта крај искршеното и издупчено широко канабе претрупано со разни книги. Гласно пребира по книгите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отиде, носејќи едно огромно бреме волнени шалови и една раздразнетост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На себе носеше стар волнен џамадан и бели искинати бечви, опточени со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На себе носат волнени шајачки облеки, ишарени со гајтани.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ги отфрли од себе дебелите волнени черги, се наведна над огништето, го распрета од синоќа запретаниот жар, фрли врз него пет, шест суварки, раздува малку и го остави огништето да чади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И пак како што правеше дедо му, Бојан ја сврте полата на своето палто и со грубиот волнен шаек си го избриша лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— До го чујме! — одговори Андон, чистејќи ја берданката со полата од волнената сакма што ја донесе чорбаџијата Стеван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа плетеше некои куси волнени чорапи на пет игли со преметнат конец преку вратот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Земи ја барем фанелата. Волнена е, од син ми.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ножот со седефена дршка го зеде за една волнена фанела таму, на тулаана; дојде да работи пред да го продолжи својот живот по онаа врвица на која сврши последниот чекор на татко му.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Значи, четириесет камења за дваесет воденици, ја извлекол главата од волнената облека чпртавиот домородец Гавруш Пребонд. - Оние осумнаесет ќе се здружат во девет запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ние ќе ти исткаеме нова кошула и ќе ти сплетеме волнени чорапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше толку изнервиран што ја слече топлата волнена блуза, ја фрли, и гол, само во маица, стоеше на сред студената соба и викаше со висок глас, речиси фалсет. Беше ужасно!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе