влага ж.
влага несв.

влага (ж.)

УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Поминав со рака преку косата и осетив под прстите густа и леплива влага.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Густо збиената белина на нејзините заби ја покрија долната леко наруменета усна, и таа на некој нов, непознат начин се обиде да ја сокрие влагата во своите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А бабичката пелтечи, не распознавајќи веќе ништо низ влагата на топлите солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влагата ќе стори крвта да заприлега на сок од малини.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сивосиното око на кловнот се полни со влага. Од тоа другото станува безизразно, тапо, нечовечки рамнодушно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти гледај да нема влага да не вие во крстот. И норовите да не ја лапаат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Под нив, до кај што допираше погледот, покривите на намалените куќи потсетуваа на искрпена черга низ чии дупки се цеди тешка влага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеше да и ги види очите, не знаеше дали се седеф во влага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Ако треба може и да се биеме.“ „Тогаш да се биеме“, рече тој и уште повеќе позелене; ненадејно штукање што почна ритмички да му се кине од грло, му ги наполни очите со крв и страв, со некаква влага исто толку многубројна колку и кошулата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Претседателот ја погледнува страницата ишаркана со молив, па ги преместува полиените со нечиста влага очи кон иследникот: „Што е таму?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И пак задушената влага се влива во дробовите и духот е пак потиснат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор веќе сѐ појасно гледаше во сенчестата влага на очите од Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неколку капки му паднаа на врелото чело и го освежија. Низ воздухот се ширеше миризба на влага и земја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Влагата продира длабоко и трае долго.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Чудно, по радосниот, празничен ден, јужниот ветер, влагата што ја носеше тој, постојаното бучење на шумата, вселија во душата на момчето немир, нестрпливост, раздразливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе