виулица ж.

виулица (ж.)

Тогаш неочекувано, како априлска виулица прашање: „Што стана со Марија?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега, додека самјакот заминуваше зад сртот, сиот обвиткан во виулицата, што се развитлуваше на сите страни, половината црвена од крвта, беше сеедно дали само го видел, или пак го удрил, бидејќи оној веќе не му даде време уште еднаш да фрли и одвеа натаму, нему и дрвјата како да му се поттргнуваа да му направат пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И уште веднаш оној застојан мршар скокна од своето место и забега надолу, занесувајќи се и кревајќи со своето лудечко отскокнување по удолница една чудна виулица.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но самјакот и сега само продолжи да ја развева во една пепелничава виулица сетаа таа снежна целина пред себе, една таква виулица не можеше да направи ни најсилниот ветер, додека тој продолжуваше да нишани и понатаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Надвор имаше виулици и од снегот беше побелено сето крајбрежје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бал во снежни виулици Утрово останавме сите изненадени од глетката што можевме да ја видиме од хотелските прозорци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ниту виулица ги удира и ниту дожд ги бие, Само смртта минува мртовци насејќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама, кроце, покроце, почна да ми разминува виулицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ѕвони сината камбанарија, ми дозрева гласот ко виулица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегуваме, а виулицата ни ги примижува очите и нѐ занесува настрана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мене само од виулица ми е страв.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ме облазија морници. Влеговме во виулица и ги забрзавме чекорите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од лево и од десно, од напред и од назад, се здадоа гласови Каде стигнуваат другите што се обесуваат на возовите како црни мадиња? или нас сакате да нѐ заборавите тука? да нѐ оставите со ветриштата и виулиците, со дождовите и со жештините? да нѐ оставите да нѐ смукне оваа проклета рамница како да сме изгниени мушмули?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чекорев со Мајка во таа снежна виулица, со чувство на внатрешно задоволство од краткотрајната победа над Мајкината самота, која мораше постојано да се освојува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еразмо веќе беше гладен: мислеше на јадење што добро би му дошло во пресрет на оваа планинска виулица.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Можеби Елена е белото крило на езерското утро Во сончева виулица престорено жена“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе