вински прид.

вински (прид.)

Вински братчиња, што би сториле за мене?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Си ги ложам градите со облоги, се редам со винска киселина, ама не помага.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А таму надвор беше вечната зима — голема, тешка винска преса што го смачкува безбојниот покрив на небото, го смачкува како грозје, цедејќи боја и смисла и сушност од секого и ги варди децата што на скии и санки полетуваат преку стаклестите брда кои го одразуваат тешкиот железен штит надвиснат над градот, секој ден и секоја ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Егејското море се разбрани во благи, бели далги што се разлеваа во далечната шир со винска боја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Винската визба богата, многубојна и среќна (и полна), само затоа што не сум се појавил пред две-три години.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не помала од винска каца, главата меко пулсираше и, што беше уште почудно,зборуваше со изморен глас на астматичен старец.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Лена била зачудена кога видела како е средено таму: полица до полица, па тегли, па шишиња масло, па билнак ракија, па фрижидер за длабоко замрзнување полн со јунешко, па обичен фрижидер, па киселина винска, па цело вреќе сол, пипер, шеќер, дури и мелен црн пипер.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од голите долини покрај границата со Мексико, преку карпестите кањони и долгите песочни плажи, застрашувачките снежни врвови на Сан Бернардино Маунтинс и шумите исполнети со секвоја и сикамор трис, па плодните плантажи на Вентура, зелените ридови на Санта Барбара, северните карпести заливи и винските брегови на Напа и Сонома...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Првин почна да ја мачка со винска киселина. Имаше чуено дека и Исус Христос, кога бил распнат на крстот, побарал винска киселина. Само малку да му ја наквасат устата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главата на Ѓувезија Дубровска со денови мирисаше од винска киселина. Но косата и понатаму ѝ паѓаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во воздухот се подигна лесен мирис на лозје, на дабово буре, на затемнет вински подрум.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Винска амнезија, докторе. И докторите сами си препишуваат терапија за да можат да се откачат од реалноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не стаса да ја изусти и последната желба: да го стуткаат некако во винско шише и да го пуштат да се изнаплови по морињата, барем така еднаш да види море.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)