винов (прид.)

Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе подраниме во лозјата да видиме дали цути виновата лоза, дали заврзува грозјето...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Дваесет стапки широка и долга колку целата куќа, покриена со винова сеница, со зародишни гроздови, што ѕиркаа меѓу лисјата, терасата всушност беше продолжение на кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го слушна пријатното брборење на пругавата верверичка, која беше надвор крај ѕидот од тули кој беше покриен со винова лоза.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)