видовит прид.
вид м.

видовит (прид.)

И се тргна на замрсеноста. Ја спушти оревовата поцрнета плоча во ковчегот од кој ја извади и стана премудар: го запозна минатото, виде дел од иднината, ќе молчи, господ ги определува за видовити, оние што знаат да ги чуваат неговите тајни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Запрегите, ги предупредил Онисифор Проказник. - Само улавите мислат дека се видовити.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот ги враќал кон стравот. - Сепак јас знам, синдраци мајчини. Ноќва ќе дојде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го заборавиле видовитиот Дмитар-Пејко и не виделе кога над него клекнал Онисифор Мечкојад, барајки му ја со смрзнатите прсти на левата рака жилата на челото, обајцата со исти зборови на усните како и другите - господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше Ѓорѓија, питомиот бекрија, дарежлива рака, имаше срце блескотно и ум видовит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се изненадив на зборот „работам“. Овој збор најмногу, во ваков контекст, го употребуваат оние што се претставуваат како видовити и надрилекарите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само видовитите можат да ја протолкуваат и таа друга страна. Но не секогаш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше видовит и во многу нешта даровит.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
3. Нерамна игра Триаголниците поаѓаат од ист центар квадратот го ништат, правиот злокобен агол еве ја шестката – превртливиот и бескрајно лажлив круг со кука со јаречки рог на врвот наполу слепи, наполу видовити прстите кратат очите врзуваат но, ја преминат ли/ кревката мрежичка на видливото заборават ли на Играта, Домине ќе гргнат невидливите нумери сефироти, корени и децимали деливи и неделиви ќе го скршат јајцето под конец бележитото ќе го издвојат и неверното фикцијата од тристашеесетишест степени ќе ја расцепат на две-три-четири ќе добијат полутки опозиции, ѕвезда до ѕвезда квадрат во квадрат – круг магија, вавилонска перла ниска по ниска алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Видовита и оргазмична енергијата од далеку зрачи: да ги исцелиме – да станеме цели и желни по спротивниот пол.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Футуризмот е добар показател на човековата моќ за видување на иднината т. е. видовитост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)