верно (прил.)

Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Кој најверно го разбрал вистинскиот и најправиот народен идеал се гледа со порамнувањето на разбирањето на народниот идеал од разни лица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Верно е, птиците се чудни животинки. Пеат, на човека зло не му мислат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Верно е дека се погодивме до есен да биде готова, но излегоа триста непредвидени работи, а сѐ треба да се сврши како што му е ред. Та газдинска куќа ѕидаме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имам едно силно, верно чувство. Тоа ми вели: „Арсо, ти само настојувај, таму те чека полн успех“.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тој верно и предано му служеше на господарот, без обѕир на тоа што Велика спиеше со него на двете недели еднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ројот од зрна го одвеа матицата на времето но каменот стои верно врз своите коски и чека на враќањето на митот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Го видов, верно беше мал по своите димензии, но вакви мали прозорци има и во други градови и места во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Единствен негов пријател и другар, се чини, беше силното и мошне верно куче Андруша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како да стрелаа по неа. И како јас да ѝ бев сенка што ја следи верно до самата смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ЉУБА: Кога денес тој дотрча со фалшив изглед на верно куче и ми раскажа, пред очите ми пламна буквално сѐ, целиот мој живот, и, како хартија, изгоре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ние верно го следиме текот на светската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го следев верно во животот големиот татков молк што ѝ да се случеше во земјата на нашите корени, во големиот лак на нашиот егзил.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Текот на многу таткови мисли, можеше верно да се открива врз страниците на неговите отворени книги врз кои имаше истресено најмногу пепел – најмногу врз светите книги, нападната и разлеана врз редовите за време на неговите занесни читања кога забораваше да ја истресе во пепелникот што Мајка постојано го ставаше пред него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И логотетот погледна во прстенот и рече: „Леб ќе јадеме и вода ќе пиеме“. „Сосем верно, логотету“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе