великомаченик м.

великомаченик (м.)

Но зошто од тебе да правам великомаченик? Тоа можам кога сакам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ги обединуваше ли овде нешто друго луѓево освен верата, или инаетот овде беше вера, оној ист инает и онаа иста издржливост со кои и великомаченикот Димитрија станал светец?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тодора го внесе тогаш Петрета во храмот на светиот великомаченик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На денот на Свети Пантелејмон, великомаченикот, кога папуџискиот еснаф излегуваше во манастирот во Нерези, Тодора ја грабна родената Костадинка, Коца, и прва излезе пред порти да седне во чезата врз посланото веленце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)