ваза (ж.)

- И продолжив гласно да ме чуе и Ана: - Ти си крадец, го дигна и зелениот автомат, и вазата од куќата на докторот, и -сѐ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Треба да признаам: мислев на цвеќето во кристалната ваза, на нејзините солзи по мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но јас сум жив, ќе ја уверува, нашите приказни се во кристалната ваза.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лесно му е на Филип кој громогласно, незбунето се смее, и кога скапата порцеланска ваза му се лизнува низ раце и се распрснува во стотици парченца.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И нарциси, и лалиња ќе набереме и ќе ставиме во ваза, собата да ни биде убава и празнична.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да се двоумеше еден момент, а потоа сепак ја пружи раката и го зеде кибритот од зад порцеланската ваза на која стоеше Кинез во чамец што плови кон поле од трски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ниту еден ваков поразувачки доказ не можеше да ги спречи младите филмаџии да бараат пари за филм, во услови во кои седмата уметност се третираше како луксуз и очајно чуваше небаре кинеска ваза: не користеше никому, но светкаше присутно за да некој, понекогаш, не сакајќи ја оштети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пред куќите и по кривулестите улички беа изложени шарени керамички садови: стомни, чаши, чинии, бокали, филџани, ибрици, вази и ќупови за масло, за вино, за жито.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашата канцеларија се наоѓа во непосредна близина на фабриката во која дванаесетмина работници произведуваат мебел што човек го купува за да се кае потоа цел живот, освен ако не реши по три дни да го исече за потпалување: столчиња за пушење, столчиња за шиење, комоди, вешто бојосани столчиња што се кршат под тригодишни дечиња, мали подлошки за вази или саксии, безвредни дреболии кои за својот живот ѝ се благодарни само на вештината на столарот, додека во стварноста некој лош бојаџија им дава само привидна убавина со бојата за која сите мислат дека е лак, а која требаше да ги оправда цените.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, се откажуваат од претенциозноста и дискриминацијата... негувајќи ги институциите како цвеќе во ваза... само тие ќе ја покажат формулата на современата цивилизација... која го негува правото на рамноправност на сите народи и култури...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)