бурекчилница ж.

бурекчилница (ж.)

Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со Борис Стојчев по онаа „вечер на славеите“ се сретнав утредента, во бурекџилницата, додека ги чекав симидите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојата храброст да укажам поодредено на периодот од детското доба беше мое лично сознание, а јас не само што го допрев туку и го сфатив, таму, во бурекџилницата, наспроти продавницата Громби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)