бунар м.

бунар (м.)

Од тие зборови што ги слушал Силјан штркот, голема жал му идела, што дури сакал да се сам убие или во бунарот да се удави; арно ама душа е мила, пак се попишманил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некој од улицата удавил во нивниот бунар мачка унесреќувајќи го ова семејство повлечено во четири ѕида.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И таман ја наближи портата, гледа во дворот кај бунарот — жена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден ден Доста ги остави децата дома и и рече на Митра да ги поварди дури да црпне вода од бунарот на стрико — Малови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токму кога се ружаше да оди по вода за расип од бунарот на Стрико Маловите, Доста стана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А ако не гледа може да падне в бунар. Да се удави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Низ тие очи се наѕираа дните од неговото детство: црвени покриви и штркови празнично исправени на оџаците, бели меки облаци, разигран ред јасики и месечина удавена во непокриен бунар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поштарот се снебива. - Земи, облажи се. И водата ни е многу убава, од нашиот бунар.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Два бунара вода вадат од сув камен. Бел сладолед спие в пламен.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од чудо трските зинале, од чудо бунарите пораснале, од чудо пеплиштата лански на пат заминале, од чудо друмовите изгаснале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од чудо бунарите зинале и друмовите на пат заминале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- А зошто преѓеска, кога бев заробена, не ми рече дека имаш бунар и дека ќе живеам во него како царица? - рече рибата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе те однесам во бунарот пред мојата куќа и ќе живееш како царица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе