боливач м.

боливач (м.)

Низ тревата ѕиркаа темјанушки, се белееја малите главички на боливачот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наѕираме во секое цветче, во секој боливач, на секоја јаглика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакам да го прашам дали ги виде ѕвездите, но во затревените падини пред нас се гледаат само нежните главчиња од боливачот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се капеш, а од ѕидовите ти се смеат синолички и боливач, обросени од пареата. Сѐ цвеќе до цвеќе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)