блескоти несв.

блескоти (несв.)

Утрото се провлекува низ закнижените прозорци, блескоти по бледилото на лицата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е чудна глетка: нож по кој блескоти разлеаната крв на сонцето и глава, на која вивти војнички фес, мустаќи набабрени, свиснати, што фосфоресцираат и сето тоа бавно се ближи кон него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Накострешен и начулен Арсо чекаше. Гледаше вџашено во студеното и далечно блескотење на ѕвездите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На нејзината белина светот полетува во некоја своја сонувана залебденост, блескоти со својот раскош, како невеста во своите срми и во своите чипки, понесен од онаа тивка, полна мелодија на месечината, замечтаен во оние длабоки, сини катчиња на сенките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја сонуваше како таа пак го чека во полето облечена во истиот оној бел фустан што блескоти на сонцето и му мафта со раката, го вика; тој трча кон неа, прескокнува ендеци, меѓи, грмушки, се пробива низ високите жита, но никако да стаса до неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се прошарале рудините на Заилски Алатау, блескоти нестопениот снег во засеците, како потквасено млеко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледаме блескоти, сите светла ги запалила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Месечината ги покриваше покривите како со мраз, додека росата блескотеше како снег по тревата во нашиот двор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А пладнето блескотеше, топејќи ја својата сончевина по испразнетите улици.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Ќе го закопаш гневот во метален сон Потоа сонот ќе го однесеш на ковач Да искове од него меч Сечилото ќе треба да отстои Во смрзнато срце на змија Растена на најлудо сонце Да блескоти Да блескоти Да блескоти Со вулканско црвенило“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе знае ли да најде излез Низ буква самогласна Како крик што блескоти Во душата?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)