бесцелен прид.

бесцелен (прид.)

Страшно издолжени, беа бесцелни и гробнички но не беа љубовна двојка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Случај со изградени, непроменливи навики, гореше. Бесцелност на едно постоење, заклучуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дека е така, човек може да се увери на секој чекор, по трамваите, во кината, стоковните куќи, бистроата, кафеаните, на станицата и при обична бесцелна прошетка по франкфуртските улици. Насекаде ќе чуеш наш збор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Достатно е само да ги разгледуваш улиците, старите згради или, пак, да се впуштиш во бесцелна прошетка низ метрото, во кое сѐ е електронизирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашеметува бесцелното движење по солунските улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бојата на кожата ѝ беше бледо жолта, погледот слаб, бесцелен, неконцентриран и многу, многу тажен.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Постоеше опасност Камилски да забразди во својата бесцелна реторика, да ја заборави првичната мисла за што беше, впрочем, и посветен ручекот: да се проверат на маса најзадржаните османскотурски заемки од областа на кулинарството, односно гастрономијата, како што тој претпочиташе да рече.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)