безрезервен прид.

безрезервен (прид.)

3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само прадедото Прокопија, како што веќе реков, немаше таква склоност кон безрезервна саможртва.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во него имаше безрезервна доверба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Чувствувајќи ја безрезервната поддршка на Томо, Рада ни малку не се чувствуваше загубено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали тоа беа незапирливите бранови на егзотиката кои ги заплискуваа бреговите на духовите на Европа во времето на егзотизмот, во времето на безрезервната потрага на изгубените моќи во источните вредности или причината едноставно беше во нешто друго?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)