баџа (ж.)

Во тоа време Силјан си седеше до баџа и го слушаше сето ова што зборуваа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А на покривачот, над овој черен, има малечок отвор преку кој излегува чадот (иако може да излегува преку покривач каде што сака); тој отвор се вика „баџа“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И вујковата куќа е како нашата, со огниште и баџа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие знаеја дека од него помош не можат да имаат, но како да не се занесеш во надеж кога ене онаму од ридот да скочиш низ баџа дома на софра ќе се најдеш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А од баџата ако нѐ виде свети Јован? — му се плачеше Митра на Толета во рацете кога веќе си лежеа спружени на постелката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми иди и низ баџа или од некое дупче на ѕидот да влезам, вели, како црвец како црвотечина, вели Мирче. 44
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овој извика некоја шифра место порачка во баџата на скарата и се наведна зад шанкот кај бочвето - и да го наполни бокалот и да ја испразни в уста маштрабата под чепот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чадот од полусувите цепаници одвај излегуваше низ чатијата и баџата на неговата ниска куќарка - тоа беше знак за неговата полужива душа, која одвај поземаше сила за понатаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)