бања (несв.)

Има да се знае, и тоа еднаш засекогаш: кога Зоки се бања... то ест, кога мора да се бања, ќе се бања... то ест мора да се бања сѐ околу него. И точка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ех! Кога се бања Зоки Поки мора да се бања и високиот бел ѕид околу кадата. И подот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Многу сум извалкан, кога ќе нѐ бањаат? - го праша еден ден Мацко мачорот, со кој се беше спријателил.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Верувам дека ќе те пуштат за некој ден. Па ќе одиме на Гачка плажа да се бањаме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Не се бањам. Со години не се бањам. Ставам дезодоранс. (Пауза) Нозете смрдат затоа што коренот им е во газот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ти имаш ли памет! - му одговори тој, - тие нивните деца едвај наоѓаат време да ги бањаат, не па тебе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Дождот се излева како жена кога се бања.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пак бев со козите, крај река. Тие, завлечени во густите грмја, брстеа, а јас се бањав и ловев мренки под камењата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Види го умниот! - Еј, момци! Гледајте. И девојките се бањаат. - Зошто да не! Кај нив има повеќе што да се мие.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајка Евгенија ги викна поголемите девојки и тие, заедно со неа без прекин переа, ги бањаа малите, нас нѐ истрижаа до гола кожа, ноќе ги вареа парталите што останаа врз нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Каква бања?! - му рекоа луѓето зачудено.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се соземам полека и здогледувам када за бањање, крпи, бањарки, големо огледало... Од кај се најде сега бања?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Безброј пати ми раскажува: ме бањала кога сум бил бебе, перела и спростирала пелени, ме развиткувала и повиткувала, ме нишкала и ми пеела - Думба, думба, детенце, баба празно вретенце, - и - Цуцул пасе говеда - и ми кажувала многу други броенки и залагалки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А има и со по три и повеќе простории, спрема цената и желбата на сопствениците, каде што кучињата се бањаат и негуваат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Иван Никифорович многу сака да се бања, и, кога ќе седне во вода до грло, наредува да му се стави самоварот и многу сака да пие чај во вакво студенило.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така така и ми побегна темното од лицето, очите си дојдоа на местото во глобовите, меѓу коскулињата се појави мевце и повеќе не ми остануваше вода кај клучните коски по капењето во јавната бања.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако ја поведеш и ти жена ти, тие двете заедно ќе се бањаат, ќе зборуваат и ќе се исповедаат по женскиот обичај, и жена ти може после да ти расправа сѐ што ќе ја прашаш за Атиџе.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако нема што да се работи освен тоа што погоре е наведено, тогаш да се мијат, да се бањаат во трапот, да се чистат. Сѐ да се прави и да биде колективно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе