бардак м.

бардак (м.)

Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко и Трајко се прибраа до софрата. Митра донесе и ваганка со пиперкитуршија, бардак со вода и седна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
5. ИБРИК СИ Е, АЛИ БАРДАК - но дека си има сред вазните рода како реликвија музеите го вардат непуштајќи го да оди по вода...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Е, море имаш право, Толе, и главата да ми а скршиш со бардакот, токо да ли е само до мене кривицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седеа на иста клупа, меѓу нив е главурдакот јавач и бардакот со вино и двете чаши. Попот имаше нешто позасилена брада и творечко неспокојство во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Самоук уметник сум “, се врати попот во чиста кошула и со полн бардак и две земјени чаши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
грнчарите дуваат во дулињата, стомните, ибриците, бардаците и другата грнчарија, ги полнат со вода и покажуваат дека не течат;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)