бакшиш м.

бакшиш (м.)

А сега ќе го натерам да се истркала по креветот на младенците, машки деца да им се раѓаат! Ти спреми бакшиш за него!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СТОЈЧЕ: Баче Јован повеќе го сакам. Тој ќе ми дава бакшиш и ќе ми купи јагне. Баче Костадин ништо нема...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АНЃЕЛЕ: На, земи еден бакшиш зашто ми го донесе куферов. Доста ли е?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За мене некој бакшиш не ќе има на ова добро што ти го правам?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е сега, нека не се сите за мене ами за колку што чини половината стока — двесте наполеони да не ми дадеш! Така... еден убав бакшиш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кој го нашол да го донесе во општината, голем бакшиш ќе добие од стопаноооооо! — па ќе го симне малку гласот: — Ако е будала, нека го донееесеее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Голем бакшиш ќе добие од стопанооооо!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го поиспцуја Пушмарка што им ги сменил дарчињата, но и тие се согласија со неговото разбирање: нели се бакшиш, какви да се — роднините нема да им фатат теклив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја научи кадијата и како да постапи: – Ке гледаш да се спријателиш со неа и ќе ѝ ги покажеш сите бакшиши што сум ти ги накупувал и дал.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога виде кадијата дека со никакви бакшиши не може да ја соблазни, со сила не смееше, плашејќи се да не е маѓепсница и вештерка, какви што по тоа темно време ги имаше кај сите религии, реши да го измени режимот спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мислеше кадијата дека од тој поголем бакшиш ќе нема за неговиот падишах. И така беше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот — почна да ја „кандисува“ Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слобода се зема со борба, со крв, шо се вели, а не се дава бакшиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тиа твои јатаци шо те вардат, те вардат оти му даваш бакшиш на децата, те вардат оти имаат извесен ќар од тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Софиските келнери веќе ги распознаваат нашите туристи токму по шампанското и ...по шопската салата. Но и по големите бакшиши.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бакшишот од 50 франка, вели спикерот, што насила му ги втурнале во рацете на најмалиот син на домаќинот, им бил вратен со подароци од разни домашни ракотворби.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да ги отстрани сосема полека... во зависност од случајот и манијата... и особено да им земе бакшиш!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ден значи донесе цела стодинарка бакшиш. А знаеш што значеа тие тогашни сто динари? Полна вреќа бело брашно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе