ашик м.

ашик (м.)

СТОЈЧЕ: (Вади од пазува ашици и, фалејќи се, ѝ ги покажува на Симка). Гледај; гледај! Сето ова го добив.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Наместо килибарни или дрвени зрна нанижани со ашици, ашици ваѓани од детски костури.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
АШИК - љубов, вљубен
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знаеја и младите дека ашик нашата заедница не поднесува, дека срам од љубов во неа не бидува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но постои ашик дервиш, вљубен во Бога, покрај другите видови дервиши.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)