антагонизам м.

антагонизам (м.)

Со него ние сакавме да им покажеме на Русите оти кај нас во Македонија нема национален антагонизам и е возможно задружно работење од сите македонски народности врз културна почва.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Верскиот антагонизам беше на својот највисок врв, до безмилосно истребување.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој ја покажува моќта да ја продолжи алхемијата меѓу реалноста, митологијата и хуморот, успевајќи да ги дедраматизира силните балкански антагонизми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тоа, впрочем, и е парадоксот на француско-германската кавга: теориското спротивставување се ублажува дотолку колку што антагонизмот се продлабочува. 27
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прастар естетички судир (...) Дали изворниот антагонизам меѓу двата „апсолути“ кој е толку заострен во денешниот свет, не само во денешната уметност, претставува борба за сликата божја?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа секогаш била форма во која на трауматски начин излегувал на виделина некој внатреопштествен антагонизам.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
113 За Муф, антагонизмот им е инхерентен на човечките односи и е во средиштето на политичката сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Крутоста, антагонизмот и безнадежноста кај луѓето создава горчливо чувсто на депресија, профанација, суптилен песимизам, малициозни погледи, цинизам, формализам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)