анасонка ж.

анасонка (ж.)

Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревоносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат во секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби утре кришум ќе доаѓаат и ќе го откопуваат плодот на мракот и влагата, за себе, за своето вревносно и неподносливо друштво, ќе ги киселат со секакви мали и големи тегли и ќе чекаат есенска анасонка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му се пиело, комовата анасонка го враќала кон врелите лесновски спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Турските називи и натаму се употребуваат за неколку алкохолни и безалкохолни пијалаци, како на пример: ракија (од арапски raki); анасонлија, вид ракија со анасон (од турски anasonlu); мастика, вид анасонка (преку грчки mastika); шира (од персиски şira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)