Црвенкапа ж.

Црвенкапа (ж.)

Јас не го сакам волкот. Тој, тој ја изел... Сашо: Црвенкапа, нели?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Црвенкапа“ (така го нареков оној чичко што му дава со свирење знак на машиновозачот да тргне возот), свирна и компзицијата се раздвижи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Црвенкапа и трите прасиња чинам спаѓаат во најнедепресивните карактери во богатото светско литературно наследство.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
• Господине Станковски, чувствувам дека претерав со мрачниот тон, па повелете, немотивирано шприцнете им малку недепресивна енергија на полетните читатели на Маргина што со депресија се хранат ко волкот со Црвенкапа и трите прасиња.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зошто, на пример ловецот ја спасува Црвенкапа и, како секоја споредна личност неопходна само за расплет си заминува?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можеше ли Црвенкапа да биде дебелка хевиметалка, со масна нечешлана коса, пирсови и подгрбавен од?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)