Треска (име.)

Треска“ наскоро ќе почне да произведува мебел од полиуретан, еден вид специјална материја која се добива по хемиски пат, а која, со специјални машини, се лее во тврда и мека маса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наскоро тие ќе пристигнат во Скопје о „Треска“ ќе почне да произведува мебел од полиуретан, сигурно прва во нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мите не забележително му се приближи од зад грб и го тресна со стапот, убаво ишаран во риги, што му го имаше направено дедо му кога некогаш биле на прошетка крај Треска.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Хеј, Џо“ беше климакс на нашиот настап во амбарот на „Треска“, најрекламираниот македонски производител на мебел.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Не оди блиску до Треска, може да се слизнеш и да паднеш во реката!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Капетан Драган: Не знам зошто Армијата ги купува тастатурите на „Треска“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ама, уште невлезени во клисурата на Треска, Миклош туку се прелапа за бузите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Костеновите шуми по ридовите вишнееја со темна ладовина, а шимшировите дрвја се спуштаа далеку кон реката Треска.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Покрај Треска во Хром има едно дрвено мовче и најубаво зајдисонце пасторална позадина на хаварисани коли, ѓубре и шприцеви.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)