Информбиро ср.
информбировец м.

Информбиро (ср.)

Информбирото веќе донесе Резолуција за грешките на југословенската партија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според Чанга со козјото прашање во почетокот, се занимавале во Информбирото и дека не бил заземен единствен став, ами било оставено секоја партија, негова членка, да го решава според специфичните услови во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Добро, се разбравме некако за таа работа и меѓувремено порачавме по една ракија, Баџата се расположи, а Сврделот го сврте разговорот на Информбирото што мене ме сепна, ама Баџата веќе се излана.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стаса фаталното Информбиро. „Се скараа” Тито и Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имено, токму како кадровски референт доживеа партиската организација на установата каде што работеше да се изјасни за Инфорбирото, и покрај тоа што нему пена му фати устата убедувајќи ги во спротивното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)