Југославија име.

Југославија (име.)

А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговото височество и офицерите го заборавија драмскиот аманет - Чувајте ми ја Југославија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чашуле во 1952 година заминува на својата прва дипломатска должност во Торонто, каде е именуван за генерален конзул на Југославија во Канада.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во 1938 година запишува студии по медицина во Белград кои ќе ги прекине во април 1941 поради започнување на војната во Југославија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нашето враќање во Југославија ќе биде триумфално.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Основните приходи им се од оние, што тука летуваат. Од нив, најбројни се Југословените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Презадоволни од Југословените Инжинерот Петар Полак е главен надгледувач во Купелни Остров од страна на инвеститорот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На прашањето што најважно се случило, на пример, во 1941 година, машината не даде одговор дека најважното е што фашистичка Германија извршила напад врз Југославија, врз други земји и врз СССР.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Банда славомакедонци - очавчи уста - се предадоа на Југословените и...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— Кои весници ги добивавте од Југославија? — „Нова Македонија“, „Борба“...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Југославија ни го турна лостот, вели Паун Радевски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Југославија го сврте курсот. — Кој курс, прашувам. — Партискиот, ми велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од радиото ечеа нови револуционерни песни: Југославијо народ те славио... Уз Маршала Тита јуначкога сина нас неќе ни лако смест?...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои се спасени на друг начин и, подоцна, нивното чување се толерира во некои краишта од поранешна Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Всушност дваесетина години по нејзиното формирање, по Првата светска војна завршена со Версајскиот мир во Париз, странскиот капитал ги фиксираше симболите на моќта во новото време во новата држава Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа така радосно кимавме со главите кога некој странец ќе нѐ идентификуваше. Аха! Тито! Тито беше нашиот ID во странство. Југославија - Тито.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Советскиот Сојуз, Југославија и Либан, од друга страна, се земји без национална кохеренција и исто така се непостојани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ла Мама има добивано средства од Израел па и од бивша Југославија за својата „отворена” активност, но никогаш од Америка. Не добиваат цент ни сега.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе