крвоток м.

крвоток (м.)

Името ми е судбина, во мојот крвоток тече закон.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мис е чинеше дека нејзиниот крвоток минува и низ мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стигнавме во тајната Арафатова резиденција, кога сонцето беше во залез и во небото поигруваа последните црвени жилки како небески крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа повторно се наведна над креветот и нејзиниот здив заедно со здивот на другиот, испари во неговиот систем за дишење и го пренесе неверството во неговиот крвоток.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понижувањата, болката и лутината кои му навлегуваа во крвотокот и му проникнаа во срцевината на душата дојдоа до неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А да си останат османизмите кои фатиле корен во нашите јазици, се влеале во крвотокот на секој јазик, како што обично велиш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)