Влез / регистрација
Македонски јазичен портал

12.05.2025

Досега се регистрирани преку 3.000 корисници на правописот. За да се избегне преоптоварувањето на серверите тој број треба да се намали. Поради тоа во иднина нема да се прифаќаат сите  регистрации, а еден дел од веќе регистрираните корисници ќе бидат блокирани.  Притоа предност имаат  студентите, лингвистите, лекторите  и професионалните корисници.  

11.12.2024

Новиот правопис е поставен на makedonski.info. Тој може да се користи само по претходна регистрација. Регистрацијата се потврдува од страна на администраторот преку имејл и може да потрае извесно време. Корисници со сомнителен идентитет или непотполни кориснички информации нема да бидат прифатени. Повеќекратните регистрации ќе се бришат.

Во моментов се регистрирани преку 900 корисници. Очекуваме тој број и понатаму да расте. Доколку дојде до преоптоварување на серверите, членовите на Фејсбук-групата „Дигитален речник“ќе добијат приоритет.

Новата функција „анализа на текст“ веќе е блокирана и може да се користи само од привилегирани корисници.

Грешките и понатаму се пријавуваат преку drmj@sam97.de. Ние постојано работиме на подобрување на квалитетот на речникот и сме благодарни за секакви корисни идеи.