25.07.2025
До денес се регистрирани 3.543 корисници на правописот. Поради преоптоварување на системот приморани сме да го намалиме тој број. Приоритет имаат фирмите, универзитетите, државната администрација, новинарите, лекторите и македонистите. Тие можат да се пријават преку Фејсбук-групата „Дигитален речник“.
11.12.2024
Новиот правопис е поставен на makedonski.info. Тој може да се користи само по претходна регистрација. Регистрацијата се потврдува од страна на администраторот преку имејл и може да потрае извесно време. Корисници со сомнителен идентитет или непотполни кориснички информации нема да бидат прифатени. Повеќекратните регистрации ќе се бришат.
Во моментов се регистрирани преку 900 корисници. Очекуваме тој број и понатаму да расте. Доколку дојде до преоптоварување на серверите, членовите на Фејсбук-групата „Дигитален речник“ќе добијат приоритет.
Новата функција „анализа на текст“ веќе е блокирана и може да се користи само од привилегирани корисници.
Грешките и понатаму се пријавуваат преку drmj@sam97.de. Ние постојано работиме на подобрување на квалитетот на речникот и сме благодарни за секакви корисни идеи.