а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јадица

мн. јадици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8051
1. Дел од риболовна опрема, метална жичка свиткана како кука, со остар врв.
Англиски: hook Албански: grep
Примери:
Црвчето висеше на јадицата.
2. Дел од риболовна опрема, дрвен или пластичен стап на кој се врзува конец со јадица
Англиски: fishing rod Албански: grep, shkop peshkimi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Отидов да ги видам јадиците.
Ја префрли јадицата на рамо и замина.
Изрази
Се фати на јадица - падна во стапица, се полакоми по нешто, се измами.
Фрли јадица - се обиде, се подготвува, настојува да придобие некого за лична полза.
Изведенки
јадиче ж.
мн. јадичиња
дем.